Скопската Зоолошка доби принова – ќе ја „крстеле“ Атиџе!

Во Зоолошката градина Скопје вчера се роди младенче на патас, а вработените радоста ја споделија на Фејсбук страницата

„Навистина убав ден- Honeyland на Оскари, а во Зоо Скопје се роди првото бебе годинава. Мајката патас и бебето се добри, а ние сме пресреќни и за нив и за Оскарите 
п.с Ако е женско, ќе си го крстиме Атиџе- по добрата душа и главна протагонистка во филмот, која ја сака природата и се грижи за сите живи суштества“, напишаа од ЗОО Скопје во објавата на нивната фејсбук страница.

Top