Наскоро воден свет во Зоолошка градина Скопје

Воден свет, или просторија со големи аквариуми за риби и други водни животни, ќе се гради во Зоолошката градина во Скопје.

„Оддамна ни беше во план ова да го направиме. Во секоја од европските зоолошки има огромни аквариуми кои се многу посетени, а рибите и морскиот свет се важен дел од училишната едукација на секое дете.

Во моментот се изработува проект за тој објект и во координација со градоначалникот Петре Шилегов и со поддршка на градот се надеваме дека во 2020 година Скопје ќе добие морски свет“ изјави директорот Ѓорѓи Галетановски.

IMG 0ba1a63ce920eedcd7848d0f9aa32b8e V

IMG b44696af28af6e1197898ebcb0617ca9 V

 

 

Top