По многуте критики Општина Аеродром се предомислува за скапиот договор со маркетинг-агенција

Од општина Аеродром најавуваат дека се предомислуваат за договорот со приватната маркетинг агенција, за кој бурно реагираа аеродромци дека е непотребен и скап. Имено, општината ја известува јавноста дека врз основа на јавниот интерес и принципите за рационалност и економичност ќе го преиспита сукцесивниот Договор со приватна маркетинг-агенција.

– Иницијалната потреба за зајакнување на капацитетите за информирање и едукација на граѓаните ќе биде преиспитана исклучиво врз точно одредување на јавниот интерес и критериумите за одговорни јавни комуникации, се навадува во соопштението од општината.

Општинското раководство посочува дека ова ќе значи одговорно трошење на парите на граѓаните, економичност и рационалност, интегритет во јавните комуникации преку отворено, транспарентно, објективно и релевантно комуницирање со граѓаните.

Наскоро се очекува аеродромци да бидат известени за одлуката и за натамошното постапување.

Инаку, во јавноста вчера излезе податок дека договорот кој бил потпишан чини 73.000 евра.

Top