Пукање на “Партизанска” во близина на ТЦ Лептокарија: Престрелка од два автомобили во движење

На булеварот “Партизански одреди” во близина на ТЦ Лептокарија вечерва дошло до престрелка помеѓу две возила во движење.

Од МВР потврдија дека во 18 часот и 35 минути било пукано од едно возило кон друго. Како што информираат од полицијата, досега нема пријавени повредени лица, а нема ниту траги од крв на местото.

Полицијата е на терен и врши увид на настанот, а сообраќајот се одвива отежнато. 

 

Top