Скопје добива 40 нови нископодни автобуси

Договор за заем со кој треба да се набават нови нископодни автобуси за Јавното сообраќајно претпријатие Скопје ќе биде потпишан денеска во Министерството за финансии.

На потпишувањето на договорот ќе присуствуваат министерот за финансии, Драган Тевдовски, градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, заменик директорот на Европската банка за обнова и развој за општинска и еколошка инфраструктура Лин О’Грејди и директорот на ЈСП Кристијан Чушков. 

Со заемот од ЕБОР се обезбедуваат 10 милиони евра, а во набавката со два милиона евра сопствени средства ќе учествува ЈСП. За 10-те милиони евра од ЕБОР заемопримач ќе биде ЈСП, Град Скопје ќе издаде општинска гаранција, а Република Македонија ќе издаде државна гаранција.  Рокот за отплата на заемот е 10 години, со вклучен грејс-период од три години. Каматната стапка е варијабилна и изнесува шестмесечен ЕУРИБОР зголемен за маргина од еден процент.

Според најавата, се планира да се набават 30 до 40 нископодни автобуси коишто работат на компримиран природен гас, со голема економска исплатливост и еколошка предност во однос на карактеристиките на постојните автобуси.

Top