Престрелка и убиство во Маџари - Нови детали (Фото)

Едно лице е повредено и се наоѓа надвор од животна опасност а уште едно лице е приведено во престрелката која претпладнево се случила во скопско Маџари, пренесува Пресс24.

Според неофицијални полициски извори, во инцидентот учествувале две семејства кои од порано имале нерасчистени сметки. 

Престрелката продолжила и по околните улици, а неколку од куршумите завршиле и во возила на случајни минувачи. 

Повредениот се наоѓа во стабилна состојба во една од скопските болници, а едно лице, чиј идентитет се уште е непознат е приведено.

Од МВР само потврдуваат дека се случил ваков инцидент, но велат дека се уште не можат да изнесуваат детали бидејќи истрагата е во тек.

 

Top