Маж извлечен мртов од огнот на улицата „Јордан Мијалков“ во Скопје

Пожар се случи во 40 минути пред 13 часот на улицата Јордан Мијалков во центарот на Скопје.

Едно лице почина во пожарот во објектот зад трговскиот центар „Рамстор“ на улицата Јордан Мијалков, потврдија од Министерството за здравство за „Макфакс“. Од брзата помош јавиле дека најверојатно помладо машко лице било мртво извлечено од огнот.

Починатото лице е маж кој во моментов кога избил пожарот бил во продавницата за гуми, но и покрај обидите на пожарникарите да го извлечат и спасат, не успеале во тоа. Според информациите, повредено е уште едно лице.

Пожарот на улицата Јордан Мијалков изби околу 12 часот. Црн чад се ширеше во центарот на градот поради запалените гуми во објектот.

Резултат со слика за Пожар се случи на улицата Јордан Мијалков