Шредер: Да не дозволиме САД да ни кажуваат со кого да тргуваме

Поранешниот германски канцелар и поранешен лидер на социјалдемократите Герхард Шредер, смета дека Германија треба поодлучнo да се дистанцира од САД.

“Јас, се разбира, не сум антиамериканист. Но, суштината на моите залагања во надворешната политика беше борбата за релативна независност од САД”, изјави Шредер за “Велт ам зонтаг”.

Ова, додаде тој, беше особено евидентно кога Германците одбија да учествуваат во војната во Ирак.

“И покрај сите заслуги на Американците за развојот на Германија по 1945 година, сметам дека независна позиција сега е повторно разумна. Бидејки суверена држава не смее да дозволи САД да ви кажува со кои земји не смеете да тргувате. Тоа не функционира”, рече Шредер.

Тој, исто така, се осврна на барањата на Владата на Трамп за Берлин да ја ограничи или суспендира трговијата со некои земји.

“Иран, Кина, Русија. Ако тоа продолжи, тогаш наскоро нема со кој да имаме економски односи. Тоа е неприфатливо за една земја која зависи од извозот како што е Германија. Тоа мора да им се каже и на Американците, со сета почит и пријателство”, рече Шредер.

Исто така, додаде тој, кога станува збор за гасоводот Северен поток, Американците вршат силен притисок да се суспендира проектот.

“Тоа не го прават за љубов кон Украина, бидејќи тие сакаат самите да се испорачуваат гас на Германија – течен гас, лош по квалитет, и поскап од природниот гас”, додаде Шредер.

Top