Нелегална телекомуникациска опрема пронајдена во дом на скопјанец

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 28-годишен скопјанец со иницијали С.Н. поради постоење основи на сомнение за сторенo кривичнo делo „компјутерска измама“, казниво по член 251-б став 1 во врска со став 2 и став 6 од Кривичниот законик.

Имено како што информираат од полицијата на 08 ноември годинава, врз основа на судска наредба, Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика извршил претрес во домот на пријавениот и притоа било утврдено постоење на активна ‘SIMBOX’ телекомуникациска опрема, која била одземена.

Пријавениот, велат од МВР ја набавил опремата и вршел нелегална терминација на телефонски сообраќај. На тој начин С.Н. за околу три месеци се стекнал со противправна имотна корист од 1.343.401 денари.