Прегазено дете на паркинг пред зграда во Скопје

Вчера во 14:10 часот на улицата „Босна и Херцеговина“, на паркинг пред зграда во Скопје, патничко моторно возило „Голф“ со скопски регистерски таблици управувано од 47-годишниот А.И. од Скопје удрило во велосипедист, дете на возраст од 10 години. 

Детето со возило на Итна медицинска помош било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на расчистување на случајот.

Top