Град Скопје ќе гради нов мост со кој населбата Аеродром преку Керамидница ќе се поврзе со општина Гази Баба. Градежните активности од мостот “Близнаци”, покрај кејот на Вардар до хотел “Русија” очекувам да почнат во септември годинава, а изградбата на мостот преку Вардар кон крајот на наредната зима. Во тек се процедурите за изработка на инфраструктурен план, а за брз период и постапка за изработка на изведен план за најновиот проект за изградба на нов коридор со мост преку реката Вардар. Мостот ќе почнува од булеварот АСНОМ кај хотел „Русија“ од каде преку реката Вардар низ населбата Керамидница треба да…
Блокирани улици и раскрници, тотален колапс во Скопје, е сликата која изминативе неколку години постојано се повторува во Скопје. Може да се каже дека Скопје со најмногу затворени булевари и улици текот на година во Европа. Постојано некој протестира или пак важни дипломати се во земјава, па и тогаш се бликира градот. Се сеќаваме дека во минатото со месеци беше бликиран булеварот пред Владата каде кампнуваа активистите на шарената револуција, булеварите пред Собранието и судот исто така често се затворени и како да премина во навика ова однесување, па секому кому не му одговараат одредени правила и прописи правдата ја…
Зоолошката градина доби нов директор. Скопскиот градоначалник Петре Шилегов го постави Ѓорѓи Галетановски–Чомбе за нов директор на Зоолошката градина на местото на поранешниот директор Јорданчо Милошевски. Од кабинетот на градоначалникот Шилегов произлегоа информации  дека е променет поранешниот директор Јорданчо Милошевски, а  на негово место е поставен  Ѓорѓи Галетановски. Новиот директор Галетановски, Скопјаните го паметат како менаџер на скопските кафулиња и дискотеки, а од пред два месеци тој  е вработен во Зоолошката градина.     „Чест ми е што градоначалникот и градските власти ми ја доделија оваа функција.  Зоолошката градина е лицето на градот и јас како вршител на должноста директор…
Откако вчера Скопје го зафати големо невреме, на социјалните мрежи се појавија фотографии кои ги насмеаја сите. Влегувањето во градски автобус беше невозможна мисија.
Во Градски парк попладне од 17 часот ќе почне 6. Скопје стрит фестивал кој ќе се одржува викендов.  - Фестивалот година вклучува пет стејџа: графити, стрит бол помеѓу познати скопски кафулиња, денс стејџ, музички стејџ, Ќе има креативни, забавни и едукативни концепти, врзани на една платформа која урбано го буди Скопје. Ќе имаме можност да ги видиме Фанк Шуи, САФ со 20 години Скопска ситуација и виртуозниот продуцент Кирил Џајковски заедно со МЦ Давид Лион. Програмата е надополнета со супер листа на македонски диџеи меѓу кои: Чваре, Маци, Флудер, Мартин Војдановски, Страјк, соопштија организаторите. Скопје стрит фестивал во изминатите шест…
Инвестиција од 350 милиони евра, повеќе од 250 продавници со светски брендови и над 2.000 работни места ќе донесе проектот East Gate што групацијата „Балфин“ го претстави како своја визија за нов и модерен симбол на Скопје. Тимот што го изгради и што ја создаде успешната приказна за Скопје Сити Мол го презентира концептот што ќе биде прв од ваков вид во регионот и којшто на едно место ќе ги спои купувањето, домувањето и бизнисот.   „Балфин“ е компанија чиј бизнис е фокусиран не само на создавање економски, туку и на општествени вредности на пазарите на кои што работи. Нашата…
Баскерфест 2018 ќе се одржи од 12-17 јуни на плоштадот „Македонија“ во Скопје, но традиционално и во другите градови, посетителите ќе имаат можност да уживаат во караванот кој носи среќа. Фестивалот на улични изведувачи оваа година ќе понуди многу забава за сите возрасти. Сите посетители, па и случајни минувачи, освен во врвните баскер мајстории на жонглери, акробати, циркуси, кловнови, ќе може да уживаат и во многу нови забавни содржини. Најмалите секојдневно ќе можат да се дружат и едуцираат во детската едукативна работилница, каде што ги очекуваат многу изненадувања. Тука ќе биде и корнерот за животни- односно пет катче каде што…
На Меѓународниот аеродром Скопје денеска напладне ќе пристигние првиот директен лет од Варшава во Скопје, на полската авиокомпанија LOT Polish Airlines. Според организаторот ТАВ Македонија на пречекот на авионот на LOT, предвидено е присуство и обраќања на министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, генералниот директор на ТАВ Македонија Алпер Ерсој и комерцијалениот директор на LOT, Михал Фијол. Летовите на оваа линија ќе се реализираат шестпати неделно, освен во недела. Секој понеделник, среда и петок се предвидени  полетувања од аеродромот „Шопен“ во Варшава во 10:35 часот, а пристигнување во Македонија во 12:40 часот. Патниците на летот од Скопје за Варшава…