Голем пораз на ВМРО-ДПМНЕ – ги загубија традиционалните бастиони

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ доживеа дебакл на шестите локални избори. Партијата ги загуби и оние општини кои важеа за традиционални бастиони. Апсолутен победник на изборите е владејачката СДСМ која победа извојува уште во прв круг во околу 40 општини.

ВМРО-ДПМНЕ ги освои општините Сопиште, Петровец и Илинден, Зрновци, Чешиново-Облешево и Пробиштип. Партијата на Груевски води и во Штип за околу 1%, како и во Кавадарци и во Новаци.

Паднаа скопските општини Гази Баба, Бутел, Кисела Вода, Ѓорче Петров и Аеродром, кои досега беа упоришта на ВМРО-ДПМНЕ, но и Прилеп и Битола. Петре Шилегов од СДСМ со повеќе од 60 проценти обработени податоци води со 28.964 гласа пред Коце Трајановски, и извесна е победа во првиот круг. Изненадувања се Вевчани и Кратово, каде што победа издвојува СДСМ.

СДСМ победи во Бутел, Ѓорче Петров, Арачиново, Кисела Вода, Аеродром, Гази Баба, Шуто Оризари.

loading...