Димитров за преговорите околу името: Многу сериозно ќе отпочнат после локалните избори

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров вели дека процесот за преговори за името ќе започне по локалните избори како што најави медијаторот Метју Нимиц. 

„Ние многу сериозно го земаме тој процес, тој процес ќе отпочне после локалните избори. Така и ќе го третираме и не можеме баш да се впуштиме во коментирање на шпекулации“ - рече Димитров. 

Тој по средбата со двајцата шефови на дипломатиите на Шведска и Финска, Маргот Валстром и Тимо Соини во Скопје, изјави дека нивната посета уследи во многу важно време за земјава. 

На состанокот,  тројцата министри се договориле заеднички да работат на зајакнување на билатералната соработка и нејзино кревање на повисоко ниво.

loading...