Откриени 14 мигранти во автомобил кај Удово

Според информациите на МВР, вчера изутрина на бензинска пумпа кај село Удово полициски службеници пронашле автомобил „ауди А6“ со скопски регистарски ознаки, а во него имало 14 мигранти од Пакистан, без возач.

Лицата биле предадени во Прифатниот центар за странци – Скопје за понатамошна постапка.

Инаку, на возилото имало регистарски таблички од товарно возило „застава“. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, велат од МВР. 

loading...