Заев: На изборите глас за сопствената иднина

Бесплатно болничко лекување, минимална плата до 16.000, просечна плата до 30.000, работа за студентите по завршување на студентите се само дел од проектите од изборната програма кои лидерот на СДСМ и носител во четвртата изборна единица, Зоран Заев вечерва ги претстави пред граѓаните во Скопје.

Покрај ова, Заев најави и субвенции за отворање на сопствен бизнис, дополнително плаќање за прекувремена работа и низа проекти кои би отвориле нови работни места во земјава и кои нудат можности за сите, повисок стандард, правично општество, функционални институции... 
 
Меѓу другото од говорницата Заев порача дека СДСМ и коалицијата имаат план за силна поддршка на бизнисот, за враќање на парите кај граѓаните, закони кои ќе важат за сите како и дека ова се избори за Македонија и затоа одговорноста е многу голема, кога народот добива шанса да изберете каква иднина сака...порача лидерот на СДСМ. 
Top