Французин направил вистинска драма на скопскиот аеродром „Александар Велики“

Француски државјанин е приведен во полициското одделение на аеродрмомот „Александар Велики“ во Скопје кога се обидел трчајќи по пистата да стигне до авионот на летот Скопје - Виена.

Како што соопшти МВР, инцидентот се случил вчера рано изутрина во 4,30 часот на скопскиот аеродом на излез од РМ за Виена кога Французинот (1984) се пријавил да патува, а потоа заспал и го пропуштил летот. 

- По извршената проверка и контрола патникот се упатил на излезот 201 каде чекал да ги повикаат патниците кои ќе патуваат за Виена, но чекајќи заспал на столиците и го пропуштил летот. Откако се разбудил и видел дека го пропуштил летот, во паника почнал на висок тон да вика и во еден момент почнал да трча и удира по вратите од излез бр.201 каде насилно ја отворил вратата и се упатил на мостот сакајќи да влезе во авионот каде вратите биле затворени. Кога видел дека авионот е приклучен на возило “пуш- бек“ почнал насилно да тегне по вратата каде го напукнал стаклото од вратата, а потоа се симнал по помошните скали и насилно отворајќи ја вратата од мостот излегол на платформа каде почнал да трча по авионот на кој во моментот му биле вклучени моторите, се наведувa во соопштението од МВР.

Од страна на возачот на возило “пуш - бек“ во „ТАВ“ во моментот на поставување на воздухопловот на позиција за полетување забележал лице како трча по воздухопловот и вика со неразбирлив јазик на висок тон, по што излегол од возилото и го спречил лицето да се упати кон воздухопловот, а потоа го известил Секторот за безбедност.

Од страна на обезбедувањето патникот бил фатен и предаден на полициското одделение во Петровец за понатамошна постапка. 

Top