Почна гласањето за нов студентски лидер, студентите најавуваат блокада

Студентскиот пленум ги повикува сите студенти денеска на пладне да им се придружат на УКИМ и да го блокираат влезот до гласачките места каде, како што велат, што нелегално и нелегитимно ќе се бира нов претседател на Студентскиот парламент.

Пленумци потенцираат дека овие избори се значајни бидејќи претседателот на СПУКМ е највисокиот претставник на студентите кој има свое место во научно-наставниот совет, учествува во изборите за Ректор, а одлучува и како ќе се трошат парите што ги уплаќаат студентите на факултетите.

Пленумот објаснува дека денешниот бојкот ќе се изведе преку блокирање на влезот до гласачките места, а патем ги потсетуваат студентите дека блокирањето на студентски избори не е кривично дело и не е казниво.

„Како бојкотираме? Придружетени се на платото на УКИМ заедно да го блокираме влезот до гласачките места. Блокирањето на избори не е кривично дело! Според член 122 став 10 од Крвичниот законик на Р.М.,,Како избори и гласање се сметаат изборите за претставници на граѓани во Собранието на Република Македонија и во локалната самоуправа, за претседател на Република Македонија и изјаснувањето на граѓаните на референдум." Кривичниот законик не ги дефинира изборите за Претседател на СПУКМ во објаснувањата на значењата и изразите на Законикот, што значи блокирањето на истите и повик за спречување на дискриманторските и нелигитимни избори на СПУКМ не претставува кривично дело“, велат пленумци. 

Пленумот во изминатиот период на повеќе начини се обиде да издејствува одлагање на изборите за студентски претставник, додека не се создадат услови за легитимни избори. Нивните обиди преку писма, герила-акции и средба во Сенатот на УКИМ, не вродија со плод. 

Top