ДУИ со пет нови столба за преговори

Бараа единство околу идејата за Албанец премиер, но откако тоа некако се изјалови, сега Демократската Унија за интергација има нова. Бујар Османи вчера изјави дека партијата има пет столба за преговори меѓу партиите на Албанците. На предвремените парламентарни избори партиите на Албанците во Македонија добија 32 од 120 пратенички места во Собранието.

Многу е важно да се согласиме за оваа албанска платформа во политичката трка која треба да биде постојана за албанската политика, изјави денеска Бујар Османи за ТВ21.

„1. На изборите не се тркаме со повеќе од две листи. 

2. Партијата која ќе добие глас повеќе зборува во име на Албанците во другите општини.

3. Партиите и пратениците кои имаат глас помалку, даваат поддршка на првата партија која за стратешките линии ќе зборуваат во името на сите пратеници Албанци, а за дневно политички прашања ќе биде главен коректор. 

4. Пратениците на партиите кои не победиле не водат разговори на страна за да ги ослабнат преговарачките позиции на победничката партија (како во 2006). 

5. Можност за соработки во разни форми во интерес на граѓаните меѓу албанските политички партии“, истакна Бујар Османи.

ДУИ на изборите освои 15 пратенички мандати. Иако изгледа дека не е возможно да се создаде мнозинство без нив, тоа сепак не е невозможно. Коалицијата „Можеме“ (СДСМ, БЕСА и другите партнери) која има 46 пратеници, пред изборите не посакуваше соработка со ДУИ, но заедно со Алијанса/Алтернатива и ДПА може да стигне само до 59 од потребните 61 пратеници.

По изборите во 2016 година, мандатот за формирање на влада го доби ВМРО-ДПМНЕ како партија со најмногу освоени пратеници. ДУИ, во „последна секунда“ одлучи да не коалицира со нив и потоа се договори со „вториот“ – СДСМ.

Top