Реакции по изборот на Јоксимовиќ за Охридско лето: Стотина македонски фамилии ќе земеа некој денар

Српскиот кантавтор, Жељко Јоксимовиќ, на 7-ми август ќе настапи на „Охридско лето“ во Античкиот театар.

На социјалните мрежи се појави документ со програмата на Фестивалот, по што следуваа бурни реакции за Јоксимовиќ. Оваа информација предизвика негодување, со оглед на тоа дека досегашниот концеп на фестивалот не подразбираше настапи на музички ѕвезди од овој тип.

Покрај оние кои сметаат дека на музичарот не му е местото на овој фестивал, доста реакции пристигнаа и на сметка на тоа дека во време на корона-криза, кога откажани се концерти, настапи, веселби, ова е шанса со 'македонски пари' да им се помогне на македонски музичари.

Изминативе години на „Охридско лето“ настапувале светски ѕвезди како Енио Мориконе, Џеси Норман, Хозе Карерас, Вадим Репин, Џулијан Рахлин, Стефан Миленковиќ...

Top