Милошоски поканата за суд ја примил уште во април: Димитров е главен извор на лажни вести за политички противници

Министерот за надворешни работи Никола Димитров ширел лажни вести кога јавно на телевизија тврдел дека вториот на листата на кандидати на опозицијата во изборната единица 5 Антонио Милошоски избегнувал да прими покана за на суд.

За време на ТВ дуел во емисијата Само Вистина на Канал 5 Димитров пред десетина денапобара носителката на опозицијата во И. Е. 1 да влијае на Милошоски да ја примипоканата од која според него тој бегал.

Но, според документите до кои дојдоа дел од медиумите ова тврдење на Димитров е лагазатоа што Милошоски уште во април ја примил поканата за на суд за која зборува Димитров.

Предходно и самиот Милошоски изјави дека поканата ја добил одамна но Димитров досега не се извини за лажната вест. Со лажните вести што ги шири Димитров се покажува дека тој е подготвен во јавноста дане ја кажува вистината за да постигне политички поени а притоа да не ја преземе одговорноста за искажаните лаги.

По објавувањето на поканата која Милошоски ја примил уште во април останува отворено прашањето дали Димитров е подготвен да им се извини на јавноста, на Силјановска и на Милошоски за грубата манипулација со поканата за на суд.

Ианку самата покана за Милошоски кој тој уредно ја примил е политички спорна затоа што иако за тој случај истрагата траела со години таа е испратена на два дена предоргиналниот датум за предвремени избори 12 април.

Top