Дали Македонија станува црна дупка? Српските туристи во Грција одат преку Бугарија

Откако бројот на заболени во Македонија драстично се зголеми, српските туристи ќе ја одбегнуваат нашата земја на пат кон грчките плажи. Весникот „ Novosti“ направи репортажа на патувањето низ Бугарија кое го оценуваат како побезбедно отколку да одат преку Македонија.

Патот ги води од Ниш преку Пирот, Димитровград, Софија, Перник, Благоевград,Кресна, Сандански па преку граничниот премин Кулата излегуваат во Грција.

Тие сметаат дека Македонија во овој момент не е безбедна за патување и дека иако низ Бугарија нема автопат на целото патување ќе одат преку граничниот премин „Кулата“ намето низ Табановце.

Не ги поколебува цената на горивата во Бугарија, која е идентична како во Србија, ниту цената која треба да ја платат за вињета.

Патувањето од Србија кон Грција преку Бугарија е подолго за стотина километри и подолго за час-до два отколку да се патува низ нашата земја.

Top