Бројот на заразени продолжува да расте: Дури 58 новозаразени од коронавирусот за едно деноноќие

Во последните 24 часа бројот на заразени од коронавирус повторно се зголеми. Од Комисијата за заразни болести за "Фактор" потврдиле дека бројот на нови позитивни случаи од Ковид-19 изнесува 58.

Од Комисијата навеле дека ваквиот скок можел да се очекува, посебно по укинувањето на рестриктивните мерки, пишува "Фактор". 

Според неофицијални извори, најмногу заразени има во општините Сарај, Чаир и Бутел.

Потсетуваме, од среда, 27-ми мај, Владата го укина полицискиот час кој беше на сила два месеци, а од четвртокот работат и угостителските објекти.

Top