Играч од Гостивар со онлајн-учество во Лото 7 освои шестка вредна над 6.000 евра

Онлајн играч на Лото 7 на Државната лотарија во вчерашното (40-то) коло ја освои досега најголема добивка постигната со онлајн учество во оваа игра на среќа.

Телефонски се поврзавме со нашиот добитник којшто ни соопшти дека е пензинер од Гостивар, редовен лото играч, љубител на игра со скратени системи.

Тој ја пофали можноста за онлајн учество во Лото 7 и Џокер, посебно во време кога не е пожелно да се изложува на ризик и да уплаќа на продажно место.

Добитникот е долгогодишен лото играч и најчесто игра скратени системи.

Порано, системите ги распишувал на повеќе помошни ливчиња, но откако Државна лотарија понуди можност да се игра на едно ливче со избор на еден од 24 системи, рече дека работата му се скратила.

Сега е презадоволен од можноста од дома да учествува во својата омилена игра на среќа. Уште со почетокот на пандемијата, тој се обратил во контакт центарот за помош за регистрација и оттогаш не пропушта коло без да уплати и одигра некој од скратените системи.

Најчесто го играл скратениот систем со број 21 и досега во повеќе наврати добивал четворки и петки. Сега за првпат решил да го игра скратениот систем со број 16. Броевите не ги избира самиот туку квикпик опцијата дозволува тоа за него да го стори компјутерот.

Неговиот избор на скратен систем број 16, како и довербата во случајниот избор на броеви, го донесе до шестка вредна 371.297, 50 денари, две петки, (секоја во вредност од 3.031 денар) и 39 добивки од категорија четворка.

Вкупната добивка од коло 40 на онлајн играчот од Гостивар изнесува 385.160,00 денари, а средствата ќе ги намени за реновирање на семејниот дом.

Пред неполн месец, во коло 33 имаше шестка вредна 348.297,50 денари постигната од онлајн играч од Гевгелија.

Предноста на онлајн играчите е што од удобноста на својот дом може да се вклучат во омилената игра, да уплатат и одиграат онлајн, но и да ги добијат средствата од постигнатите добивки на својот кориснички профил.

Популарноста на онлајн учеството во игрите на среќа Лото 7 и Џокер е се поголема, а семејството на онлајн играчи е се побројно. За непол месец две шестки заминаа во рацете на онлајн играчи, а дали можеби и очекуваната седумка ќе падне во рацете на онлајн играч, останува да се види.

Минатата година, на 8 мај, во Кавадарци, падна најголемата седумка во историјата на Државна лотарија вредна 29.293.930 денари. Тоа беше и првата седумка од играта на среќа Лото 7, а втората, во вредност од 11.966.712 денари беше постигната во Кичево. Во очекување сме на третата седумка од играта на среќа Лото 7.

Во тек е уплатата за коло 41, а фондот за седумка е над 29.000.000 денари.

За онлајн играчите Државната лотарија има актуелна кампања 300+100, а повеќе информации за неа и за другите поволности, побарајте на официјалните социјални медиуми и на веб страната www.loto.mk.

primer 8

Top