Од СЗО појаснуваат кога треба да ги користите маските за лице

Голем број на луѓе во Азија носат маски за лице за да се заштитат од Ковид-19, додека пак во Европа и САД луѓето неемаат таква навика да ги носат. Поради тоа, во последно време многумина се пршуваат: Дали треба да се носат маските за лице за време на пандемијата на коронавирусот?

Според Светската здравствена организација, доколку сте здрави, маската за лице треба да ја носите ако: Негувате некого за кој постои сомнение или е потврдено дека е заразен со Ковид-19, или ако имате симптоми или се сомневате дека сте заразени.

Маските делуваат така што ги стопираат капките при кашлање, кивање или зборување – тоа се главните патишта за пренос на овој вирус. Сепак, маските може да се носат и ако се чувствувате здраво, затоа што голем број на случаи досега не покажаа никакви симптоми, а луѓето сепак беа заразени со коронавирусот. На овој начин, на пример ако одите супермаркет, ќе ги заштитите останатите од себеси.

Постојат два главни видови на маски: Хируршки маски од ткаенина кои се носат преку нос и уста, како и другите кои се нарекуваат респиратори поради филтрите.

Маските кои добро налегнуваат на лицето, како “N95”, можат да понудат добра, но не и целосна заштита од заразните капки, додека моделот “N99” може да пружи подобра заштита, иако многумина се жалат дека со нив потешко дишат. “N” се однесува на процентот на честички со пречник од најмалку 0,3 микрони кои маската е дизајнирана да ги блокира. Поедноставено, “N95” ќе блокира 95% од нив, а “N99” ќе блокира 99%.

 

Некои од маските имаат вентил на предниот дел за да се спречи при издишувањето да се создаде кондензација и маската да стане повлажна, а со тоа и поподложна на продирање на вирусот. Маските се ефикасни само ако ги комбинирате со често миење на рацете и ако при нивно вадење, не го допирате лицето.

Секој кој користи маска за лице, мора темелно да ги измие рацете со сапун или средство за миење на раце на база на алкохол. Маската треба да ги прекрива и устата и носот и помеѓу лицето и маската не треба да има празнина. Колку што можете, избегнувајте да ја допирате маската. Кога ќе стане влажна, веднаш заменете ја, а немојте да ги користите повторно маските кои се за еднократна употреба. При вадење, фатете ги ластиците зад ушите и на тој начин извадете ја маската – никако со допирање на самата маска.

 

„Носењето на маската може да ја намали наклонетоста на луѓето да го допираат лицето, што дневно се случува повеќе пати од што мислиме и претставува главен извор на инфекција, без соодветно миење на рацете“, изјави Стивен Грифин, вонреден професор на Институтот за медицински истражувања при Универзитетот во Лидс.

Top