Милошоски пушти аудио снимка: З.З. знаел со кои пари Боки 13 правел телевизија

На собраниска комисија пуштена нова снимка „бомба“ поврзана со случајот „Рекет“. Имено, пратеникот Антонио Милошоски денеска пред повеќе пратеници пушти аудиозапис во кој, како што објасни, се слуша гласот на лицето З.З. , а алудирајки на експремиерот Заев, како наводно разговара со друго лице за обвинетиот за случајот „Рекет“, Бојан Јовановски – Боки 13.

-Транскриптот фрла мала светлина зошто некој не сака нелегално снимени разговори да бидат доказ во судски постапки, рече Милошоски пред пратениците.

Милошоски го прочита транскриптот на присутните, каде како што укажа пратеникот лицето З.З. му се обраќа на трето лице со следниве зборови, а во врска со обвинетиот за „Рекет“, Боки 13:

-Му требаат пари за телевизијата и прави комбинации. Го прашав од каде парите за телевизија. Тој ми рече од Хрватска, но главно од Циле, Силјан Мицевски, од тоа проектот за старечките домови, прочита Милошоски дел од транскриптот.

Инаку, Милошоски објасни дека снимката е од „свиркач“ и решил да ја сподели со јавноста бидејќи содржела индиции за вмешаност во криминал.

Top