Макрон: НАТО е пред умирање, ЕУ е на работ на амбисот, од САД веќе нема ништо!

Францускиот претседател во интервју за британскиот економист оценил дека НАТО е на умирање, а Европа се наоѓа на работ на амбисот.

Макрон во интервјуто ги предупредува земјите членки на Европската унија дека веќе не можат да се ослонат на САД, односно дека од Америка веќе не може да очекуваат дека ќе застане во одбрана на земјите членки на НАТО.

„Ова што во моментов го минуваме може да се опише како мозочна смрт на НАТО, а Европа се наоѓа на раб на провалија“, вели францускиот претседател Макрон.

Тој воедно вели дека Европа мора да започне стратешки да размислува за самата себе како за геополитичка сила. Во спротивно Европа веќе нема да може да ја контролира сопствената судбина, истакнал Макрон во интервјуто.

Францускиот претседател вели дека до сега Европа и Америка ги делеле интересите и тој секогаш се обидувал да ги одржи добрите односи со претседателот  Доналд Трамп.

Но,Макрон сега смета дека Америка прв пат има претседател „кој не ја дели нашата идеја за европски проект“ и дека дури и ако Трамп не победи на следните избори , историските токови го направиле своето и ги раздвоиле старите сојузници.

Емануел Макрон во едночасовното интервју за британскиот „Економист“ кое се водело во Елисејската палата порачал дека „Европа мора да се разбуди“.

На прашањето дали верува во ефикасноста на членот 5 на НАТО, односно во идејата дека во случај на напад на една членка на НАТО сите останати членки ќе и дојдат на помош, Макрон одговорил:

-Не знам. Но, што членот 5 ќе значи утре?

Top