Кривична пријава за заменик-министерот за култура

Основното јавно обвинителство Скопје води истрага за сообраќајката во која учесник беше и заменик-министерот за култура, Владимир Лазовски, објави МКД.мк.

Како што пишува порталот од МВР поднеле кривична пријава до Обвинителството и дека се чека лекарската документација за повреденото лице од Градската болница „Св.Наум Охридски”. Барањето било испратено, но од болницата уште не постапиле за да им бидат доставени документите за карактерот на повредите.

Сообраќајката во која учествуваше Лазовски се случи на 29 мај, годинава. Во сообраќајката што се случи на крстосницата кај Собранието и Градската болница „Наум Охридски” во Скопје, повреден беше моторциклист.

Автомобилот го управувал актерот Лазовски.

Top