Гајсер: Неспособни политичари и странски сили играат со судбината на македонските граѓани

Откако рано утрово во италијанскиот весник „Ла Верита“ беше објавено второто продолжение од аферата „Рекет“ која што ја тресе Македонија, на социјалната мрежа на Фејсбук повторно се огласи италијанскиот новинар Ларис Гајсер, односно и автор на самиот скандал и кој што го објави.

Во продолжение можете да го прочитате во целост неговиот денешен статус:

„Од 2015 година следам и известувам како група од неспособни политичари (десничари и левичари) и непријателски странски сили, како си играат со животот и судбината на Македонските граѓани. Слепилото на политичките елити заедно со злобниот меѓународен притисок ја доведоа Македонија до степен на корупција и опасно ограничен суверенитет.

Сите мои поранешни написи и говори беше во насока за да спречам Македонија да биде понижена, да ја предупредам ЕУ за нејзиниот погрешен пристап и за да ја спречам меѓународната заедница да направи неприфатлив преседан. Преседаните на Балканот ретко носат придобивки на меѓународната заедница.

Јас не сум богат. Немам големи финансиски фондови за да спроведам експериментални револуции. Како и моите пријатели од „Ла Верита“, мразам глупост и манипулации. Ние верувме во човечката интелигенција и во слободата. И двете секогаш наоѓаат начин да испливаат на површина и да преовладата. Дури и по подолги периоди на понижување. Мојата надеж, денес, преку моите написи е да ги поттикнам добрите, се уште независни, слободни судии, кои навистина веруваат во владеење на правото, да ги истражат наодите и да направат од Македонија светол пример на стабилна земја.

Одбегнувајќи да бидам инволвиран во меѓународни политички препирки, сакам само да дадам свој придонес во потрагата по вистината за да им помогнам на македонските граѓаните да најдат сила на патот кон успешна држава.

Имајќи ги предвид комплексните геополитички промени, ние Европјаните и должиме стабилност на Македонија, сигурност и историска мудрост. Наместо да биде вештачки изолирана, Македонија треба што поскоро да стане член на нашата несовршена Европска Унија, со што ќе не направи посилни и побогари“, пишува Гајсер на својот Фејсбук профил.

 
Top