Објавени целосните аудио разговори меѓу Боки 13 и Камчев

Италијанскиот весник „Ла Верита“ денеска објави нова снимка на која покрај Боки 13, Зоран Милески Кичеец и бизнисменот Орце Камчев, се слуша и гласот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Јанева му вели на Камчев „не се секирај за ништо, се ќе биде ок“, а се спомнува и обвинителката Лиле Стефанова, која го водеше случајот „Империја“, за која Катица Јанева тврди дека била под нејзина контрола.

Од Камчев било побарано покрај парите да обезбеди и дуќан за стоматолошка ординација, а Боки 13 му ветува на Камчев дека ќе биде ослободен понеделник, најдоцна вторник, а специјалната обвинителка Катица Јанева нема да употребува вонредни правни лекови како би го одолговлекувала куќниот притвор на Камчев.

На крајот на 12 минутната снимка која беше утрово објавена се слуша како Боки 13 му кажува на Камчев дека има поздрав од „жената“, а потоа и го дава телефонот на Катица Јанева која го уверува Орце Камчев дека „Не се секирај, се ќе биде океј“, на што Камчев одговара „Океј, океј, нема проблем“.

Top