Јадранка Костова веќе не е дел од тимот на 1ТВ

Новинарката Јадранка Костова, вели дека авторскиот договор со „1ТВ“ ѝ завршил со интервјуто на Бојан Јовановски – Боки 13, кој вчера беше уапсен и се наоѓа во притвор за рекетирање.

Костова вели дека веќе две-три недели не оди во телевизијата и нема никаков контакт.

-Не знам што ќе се случува со телевизијата. Веќе две-три недели не одам таму. Немам никаков контакт. Јас работев таму со авторски договор. Ја правев емисијата во петок и само во петок се појавував во телевизијата, вели Костова за „Независен весник“.

Таа е координатор на проектот „Фокус“ и вели дека на тоа работи.

-Со оглед на годините, премногу ми беше и емисијата во „1 ТВ“. Сакав да се откажам и претходно, но со интервјуто на Јовановски заврши и мојот ангажман во телевизијата, вели Костова.

Top