Во 1ТВ пронајдени материјали од СЈО, а кај Боки и Кичеец 450.000 евра во кеш

Од извори блиски до обвинителството, Магазин дознава дека при вчерашниот претрес на просториите на 1ТВ, чиј неформален сопственик е Боки13, пронајдени се компромитирачки материјали за десетина македонски бизнисмени и фирми, меѓу кои се и Зоран Азманов, Фијат Цаноски, Тинекс, НОЕЛ и други. Материјалите биле обработени, селектирани и спремни за изнуда на рекет од бизнисмените, а истите се претпоставува дека се копии од незаконито прислушкуваните материјали кои ги поседува само СЈО.

За ваквите материјали и за целата истрага рекет свој придонес дале и професионалци од ОЛАФ (European Anti-Fraud Office), европска агенција за борба против криминал, корупција и перење на пари, кои соработуваат со делегацијата на ЕУ во Скопје.

Се води истрага и за двајца пратеници за кои има индиции дека биле дел од оваа групација за медиумско-политички рекет преку злоупотреба на материјалите од СЈО.

Top