Антикорупциска ќе го разгледува случајот со Рашковски но и продажбата на авионски билети

Случајот со генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, но и продажбата на авионски билети во институциите ќе бидат разгледувани од страна на Државната комисија за спречување корупција.

Како што истакна денеска претседателката на Државната комисија за спречување корупција, Билјана Ивановска, случајот со авионските билети е значаен, бидејќи во позадината се кријат големи парични средства.

Одговарајќи на новинарско прашање за Рашковски, Ивановска рече дека комисијата ќе води постапка по допрен глас од медиуми по сопствена иницијатива, но сè уште не можат да почнат со обработка. Комисијата, како што појасни Ивановска, чека да им биде доставена документацијата што ја имаат побарано од МАВ во однос на тендерот, како и документација од Рашковски, кој треба на писмено да образложи во кое својство се нашол во објавениот снимен разговор.

Top