Што се случува во М-НАВ? Радарите на контрола на летање останале без слика!

Радарите на Контрола на летање останале без слика ноќта меѓу 19 и 20 септември минатата година, објави „Дојче Веле“. Според М-НАВ тоа траело „половина час“, а според други извори на „Дојче Веле“, „неколку часа“.

Инцидентот за САКАМДАКАЖАМ.МК го потврдија владини извори, кои не се овластени да даваат изјави поради чувствителноста на темата, а кои велат дека случајот го испитувале надлежните органи кои потоа излегле со препораки на затворена владина седница минатиот вторник.

За инцидентот биле известени Центарот за проток на сообраќај во Брисел, Агенцијата за воздухопловство и Комитетот за сериозни инциденти и несреќи.

Денеска напладне генералниот секретар на Владата Драги Рашковски ќе одржи прес конференција за набавката на систем за следење на воздушниот сообраќај за потребите на М-НАВ.

Top