Героски во СДСМ го бараше заканувачот кој сакаше „да го бања во Вардар”

Новинарот Бранко Героски изутринава отиде во седиштето на СДСМ да го бара заканувачот кој сакаше да „го бања во Вардар“ и кој се престави како обезбедување во партијата, но не го најде.

,,Доцна синоќа примив закана од лик кој се претстави како дел од обезбедувањето на СДСМ. Побарав лидерот и партијата да се оградат. Од луѓето од секторот за комуникации бев известен дека ова лице не е вработено во СДСМ. Го добив одговорот за да утврдам дали некој лажно се претставува. На мене сега останува да одлучам да го пријавам случајот во полиција. Ова е единствената писмена закана по серијата написи кои предизвикаа бура во јавноста. Тука не ги сметам секојдневните настани како снимање зад грб, но не ги сметам за закани, рече Героск

Синоќа по последниот напис од низата на Героски во кој зборува за сопственик на телевизија и група од власта кои рекетираат на големо, а дел од парите завршуваат во медиумот, Героски доби закана од лице кое се претставува како обезбедување на СДСМ. Героски во последниов период предупредува дека е цел на напади и закани.

Top