Заменик-министерот Лазовски учесник во сообраќајна несреќа: “Доколку се утврди моја вина ќе сносам одговорност”

Заменик-министерот за култура, Владимир Лазовски, попладнево е повреден во сообраќајна несреќа која се случила на крстосницата кај Собранието и Градската болница “Наум Охридски” во Скопје.

Според информациите од МВР, во сообраќајката учествувале мотор и возило пежо кое било управувано од страна на Лазовски. По несреќата, се огласил и самиот министер на својот Фејсбук профил и се изјаснил дека тој и мотоциклистот се добро: 

“Најважно од сé е што мотоциклистот и јас сме добри. Цело време бев со него, пуштен е од болница, добро се чувствува. Јас немам повреди. Надлежните органи извршија увид и доколку се утврди моја вина ќе сносам одговорност”.

Неофицијално, по прегледите во болница тој се вратил на местото, каде што полицијата врши увид.

 
 
 

 

Top