Директорот на Зоолошката со навреди до дијаспората: „Никад да не се вратите“

Директорот на Зоолошката градина, Ѓорѓи Галетановски, на својот профил на „Фејсбук“ се осврна на гласањето на Евровизија, упатувајќи навреда кон иселениците кои не ја поддржале со гласови македонската претставничка Тамара Тодевска.

„Што да очекуваш од луѓе што продале се и избегале од родна земја? Каква срамота…ццц. Фиром не им сметало, за северна не гласале за Тамара. А бе одземи им и пасоши и право на глас. Гнаси. Рмбаjте под туѓо сонце и плукајте по се што вреди. Никад да не се вратите“, напиша Галетановски на „Фејсбук“.

Top