Кој ги пушти „бомбите“ од прислушуваните разговори на два дена пред изборите?!

Вчера се појавија нови бомби на интернет. На анонимен профил под псевдоним „Илија Громовник ”на социјалната мрежа „Ви-контакт” се пуштени четири прислушувани разговори. Станува збор за четири телефонски разговори насловени како: „Оливер и Гордана координација пред медиуми“, „Кочо и Саше го пљачкаат ЕЛЕМ“, „Фрчко и Алберт Муслиу лажираат ЛУСТРАЦИЈА“, и „БЦ и Дамјан Манчевски со грчката фирма“.

Според објавените разговори се чини дека станува збор за досега необјавени материјали. Ова не е прв случај на интернет од непознати профили и адреси да бидат пуштани прислушувани разговори во кои се функционери од опозицијата или власта.

Можете да ги најдете на профилот на споменатиот „Илија Громовник“ (ТУКА)

Top