Прочитани пресудите за 27 април: Чавков осуден на 18 години затвор, Дурловски ослободен од обвинението.

Во Кривичниот суд во Скопје во тек е рочиштето на кое се објавуваат пресудите за 17-те преостанати, од првично 33 обвинети за насилствата во Собранието на 27 април 2017 година, познат во јавноста како „27 април".

Горан Ѓошевски Леви, шеф на обезбедувањето на тогашниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски е осуден на 15-години затвор.  Вработениот во МВР Оливер Поповски  на 13 години, неговиот колега Оливер Радулов, на 10-годишна затворска казна.

Мунир Пепиќ од Агенцијата за разузнавање доби 15 години, а Абдуљфета Алими доби 7 години затвор.

Митко Пешов  и Душко Лазаров од МВР добија по  15 години затвор. 

За терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста при нападот на Собранието на 27 април 2017 година, судијката Добрила Кацарска во Основниот суд Скопје 1 на 16 обвинети им изрече вкупна казна  затвор од 211 години.

Оперскиот пејач Игор Дурловски ослободен од обвинението.

Игор Југ осуден на 12 години затвор

Александар Василевски-Нинџа 8 години затвор. 

Јане Ченто осуден на 15 години затвор.

Никола Митревски Кољо 15 години затвор. 

Поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков осуден на 18 години затвор.

 

Top