Силјановска Давкова во Виница на средба со граѓани

Кандидатот за претседател на Република Македонија г-ѓа. Гордана Силјановска Давкова вечерва оствари средба со граѓаните од Општина Виница каде објасни зошто е потребно да се излезе и да се гласа на овие претседателски избори.

Постојано слушаме дека подобро било, поекономично, порационално да се избира претседателот од парламентот. Јасно ви е зошто, за двајцата конзули, едниот Али Ахмети и господинот Заев да си го договорат претседателот како што се пазареа за се друго.

На овие избори нашиот, на другите избори вашиот, тогаш овие 81 пратеници само ќе си кренат раце како што досега правеа. И ние ќе добиеме претседател кој не е избор на народот, кој не е избор на граѓаните, туку е избор на лидерите на двете партии. Тоа не е добро решение.

Граѓаните секогаш знаат подобар избор да направат. Тие не се раководат само од партијата кога гласаат, туку ја оценуваат и личноста. Ама и кога партијата и личноста се во хармонија, кога делат слични ставови и исти ставови во поглед на најважните прашања за Република Македонија тогаш тоа е гаранција за нов почеток, тогаш тоа е гаранција за вистински реформи. Тоа е тогаш гаранција дека двете глави на извршната власт ќе се дополнуваат зошто сега ние имаме обезглавена власт.

Нема ден да не се соочиме со скандал, нема ден да не се шокираме од некоја погрешна одлука, мислам дека тоа веќе мора да замине. Мора да ставиме крај на ова кога на априлските претседателски избори

Top