Заев го нарече Холокаустот еврејска традиција, па мораше да се извини

Премиерот Зоран Заев се извини откако вчера зборувајќи на одбележувањето на 76-годишнината од депортацијата на македонските Евреи во Треблинка, место ,,трагедија”, рече дека ,,Холокаустот е еврејска традиција”. Откако ваквата изјава предизвика реакции во јавноста, тој синоќа на Фејсбук се извини и објасни дека станува збор за ненамерна грешка.

,,Во моето обраќање по повод одбележувањето на 76 години од депортацијата на македонските Евреи во нацистичкиот логор Треблинка и официјалното отворање на музејската поставка во Меморијалниот центар на холокаустот, направив ненамерна грешка. Имено, во делот од говорот кој гласи: „Холокаустот не е само еврејска трагедија, ниту само една темна страница од Втората светска војна. Со сиот свој ужас, овој геноцид е предупредување и лекција за сите нас, од сите вери, за сите времиња“, наместо зборот „трагедија“, ненамерно го искажав изразот „традиција“, се вели во објавата на Заев на Фејсбук.

Top