Мемоарите на Стојан Андов ги откриваат атентаторите на Глигоров?

Организаторот на атентатот врз претседателот Киро Глигоров, што се случи на 3 октомври 1995 година, е познат. Ова може да се заклучи од најновите две книги на Стојан Андов, поранешен претседател на Собранието на Република Македонија. А особено по последната, „До атентатот и по него“, пишува Плусинфо

Во оваа книга, во неколку пасажи, Андов речиси директно посочува на Љубомир Фрчкоски, тогашен министер за внатрешни работи, како можен организатор на атентатот. Авторот, на пример, раскажува за своја средба со претседателот Глигоров пред атентатот, во вилата „Билјана“ во Охрид, во која тогашниот шеф на државата му се пожалил дека Бранко Црвенковски, Љубомир Фрчкоски и други раководители на СДСМ, од него (од Глигоров), барале да си поднесе оставка. Кога го прашале Киро Глигоров кого смета за свој наследник, Глигоров го спомнал Стојан Андов, тврди авторот на мемоарската книга.