Стоилковиќ до Заев: На чија страна си?

Претседателот на Демократската партија на Србите во Македонија, Иван Стоилковиќ, го повикува македонскиот премиер Зоран Заев јавно да го изнесе своето мислење за предлогот на косовскиот вицепремиер, Енвер Хоџај за „пактот против Србија“.

Стоилковиќ во својот пост на социјалната мрежа „Фејсбук“ напиша „Бидејќи никој нема храброст да го праша претседателот на Владата за неговата политика и ставот на неговиот владин кабинет по однос најавеното учество на Македонија во создавање на “пактот против Србија” еве јавно го повикувам да одговори и ја информира македонската јавност во однос на оваа многу едноставно прашање: На чија страна сте Вие господине Заев и чии интереси браните и застапувате, на Република Македонија или на големоалбанскиот шовинизам, дали застапувате регионална соработка и стабилност или по теркот на фашистичкото минато ја впрегнувате Македонија во отворено непријателство кон српскиот народ и Србија”?“, стои во статусот на Стоилковиќ.

Стоилковиќ преку „Фејсбук“ го повика македонскиот премиер и да се изјасни на чија страна е. Тој нагласи дека доколку Заев се изјасни дека е на страната на Косово, тоа ќе и даде право на неговата партија најотворено да биде на страната на Србија. Тоа, како што посочи Стоилковиќ подразбира не само солидарност со Србија и српскиот народ, туку и координација со српската политика.

Top