Граѓаните ќе треба да ги правдаат и докажуваат и парите кои ги добиваат од роднините во странство поради новите измени со кои Управата за јавни приходи ќе добие слободен пристап до банкарските податоци. Ваквите приходи не припаѓаат на системот на оданочување. - Проблематични ќе бидат средствата од родителите према децата што работат во странство. Или некои такви средства кои не припаѓаат на системот на оданочување. Луѓето ќе треба да ги докажуваат, дека тие приходи всушност се приходи од нивни блиски роднини кои се дадени како поклон. Тоа важи исклучиво за прво колено, сето останато се даночи, вели економистот Горан Рафајловски.…
Пливачката федерација на Македонија во официјално соопштение, објавено по итната седница на Управниот одбор, ги отфрла обвинувањата дека не го пријавила Евгениј Поп Ацев за учество на трките на 10 километри и на 25 километри на отворени води на Европското првенство кое е во тек во Глазгов. „Во врска со медиумскиот случај “Поп Ацев” и Европското првенство во Глазгов 2018 година, ПФМ ќе каже следно: – прелиминарна пријава имаше уште на крај на месец април за тројца пливачи и две официјални лица – Конфирмација (потврда) не добивме, како би пратиле финална листа на учесници, затоа што од 07.06.2018г. до 31.07.2018г.,…
Атлетичарката Дрита Ислами, која се пласира на последното место во квалификациите во трката на 400 метри со пречки на Европското првенство (ЕП) во Берлин, како претставник на Република Македонија, со неспортски потег ја понижи нашата земја. Седукратната најдобра атлетичарка во Македонија и наш претставник на Летните олимписки игри во Рио де Жанеиро, го искористи престојот во главниот град на Германија да направи фотографии за спомен, па со стражарите на Берлинскиот ѕид се фотографирала „летајќи орли“, албански симбол кој се поврзува со иредентистичката желба за формирање на заедничка држава на територија на сегашна Србија, Косово, Македонија и Црна Гора (Голема Албанија), објави…
Ако се прашувате има ли полиција во оваа држава секојпат кога ќе се сретнете со сообраќаен прекршок, одговорот е – има. А ако не знаете каде е кога веќе ја има, побарајте ја во некое казино, автомат клуб или пак спортска обложувачница. Сигурно ќе ги најдете полицајците таму. Почекајте да ја завршат партијата, па учтиво замолете ги да си ја завршат работата онаму каде што им е работното место – на улица. Сепак, за парите што ги коцкаат, во нашите џебови брцкаат. Четворица припадници на сообраќајната полиција играат „кец во кец“ додека надфор фучат мотори како на тркачка писта и…
Заминувањето на лекарите од државава што води кон тоа да немаат каде да одат граѓаните на лекар очигледно не ги засега надлежните. Откако крајот на март лекарите се заканија со штрајк во наредните неколку месеци оствариле шест средби со министерот за здравство Венко Филипче, но без никаков одговор, информираат од Здружението на приватни лекари. Главното барање е лиценца за работа да се дава на приватните здравствени установи, наместо на носителот на дејност, т.е. докторот, како што сега е случај. Проблемот е огромен посебно кога станува збор за помалите места, лекари заминуваат нема кој да ги замени. А и да има,…
На пазарот ќе има нови тутунски производи ама и за нив ќе мора да се плаќа акциза. Согласно новиот Закон за тутун и новиот Закон за акцизи во Македонија во иднина ќе се продаваат и тутун за водено луле (за наргиле), тутун за џвакање, тутун за шмркање и несогорлив тутунски производ. Акцизите се различни и ќе се зголемуваат секоја година. Законот за акцизи веќе е објавен и според предложените одредби, акцизата на тутунот за водено луле (тутун за наргиле) изнесува 1.750 ден по килограм нето тежина. Иста е акцизата и за тутунот за шмркање и за тутунот за џвакање. Акцизната…
Анализата на последната анкета на Македонскиот центар за меѓународна соработка покажува дека граѓаните Албанци се помалку му веруваат на СДСМ и затоа помалку ќе гласаат за оваа партија ако утре има парламентарни избори. Според анкетата направена од 24 јули до 1 август годинава 8 % од граѓаните Албанците би гласале за СДСМ, 6,9 % од вкупното население би гласале за ДУИ, 2,7 за Алијансата за Албанците и 1,7 за БЕСА. Според експерти за анкети во апсолутни бројки 8 % од Албанските гласачи во земјава се максимални 20 илјади што значи дека за најмалку половина се намалува бројот на албански гласови…
Вистинското расположение за Договорот со Грција и скандалите на власта ќе се покажат на следните анкети, а зголемениот рејтинг на ВМРО-ДПМНЕ кај гласачите, во прв ред, е резултат на активизмот на партијата и консолидирањето на партијата, и оттаму може да се очекува продолжување на трендот на раст на довербата во најголемата опозициска партија. За релативно кус период, ВМРО-ДПМНЕ направи значително подобрување на рејтингот кај избирачите, имајќи предвид особено откако по речиси една деценија партијата замина во опозиција. Покрај тоа, партијата доби и ново раководство, што со себе вообичаено ги носи предизвиците на пројави на незадоволници и фракционерство и поделби во…