Руското министерство за надворешни работи соопштило дека "Sukhoi 27" бил итно кренат во воздухот поради извидничките авиони на САД и Шведска кои се приближиле до воздушниот простор на Русија.

"Судирот" се случил над Балтикот, а се било документирано со камера од кокпитот на рускиот ловец. 

Извидничкиот авион "RC-135" и шведскиот авион за собирање на разузнавачки податоци "Галфстрим" оделе кон воздушниот простор на Русија, "сухојот" во тоа ги прекинал.

Su-27 летал на безбедна далечина, следејќи ги од воздушниот простор.

 

 

Директорот на Руската вселенска агенција "Роскосмос", Дмитриј Рогозин, и предложил на Кина создавање на заедничка база на Месечината, од каде двете земји би тргнале во освојување на длабоката вселена.

Рогозин оваа понуда за Пекинг, секако одобрена од самиот државен врв, ја изнел на Меѓународниот економски форум кој се одржува во Санкт-Петербург. Нагласил дека тоа здружување на силите би можело да има голема иднина бидејќи Кина и Русија со заеднички сили можат да остварат "големи резултати". 

Рогозин пред неколку дена изјавил дека рускиот вселенски брод со екипаж ќе тргне на Месечината дури кога "Роскосмос" ќе биде уверен дека тоа е "сигурна мисија".

Претходно објавил дека Русите би можеле да стапнат на Месечината во 2030-та година. Навел дека веднаш потоа ќе почне изградба на "населба за астронаути".

Кина е прва во светот по бројот на лансирање на сателити и има амбиција да создаде своја орбитална станица која би кружела околу Месечината.

Русија наводно веќе неколку години работи на вселенски брод со електрични мотори, како и на атомски брод, кои ќе функционираат така што атомскиот реактор ќе го придвижува турбогенератор кој ќе произведува струја, а таа ќе придвижува јонски мотори со голема сила.

Таквите бродови може да функционираат само во вселената. Нивните мотори ќе може да работат и подолго од една година, но имаат мала "влечна сила". На Земјата со нив не може да се направи ништо сериозно, но во вселената ќе обезбедуваат летови кон други планети и астероиди.

"Роскосмос" го развива проектот "Сфера" со кој се предвидува пораст на бројот на руски сателити за сондирање од Земјата на дури 600.

Роскосмос се подготвува по 2024-та година, кога заедничкото користење на Меѓународната вселенска станица ќе биде завршено, да почне својот дел да го користи како самостојна станица. За тоа ќе биде потребен поголем внатрешен простор за астронаути и повеќе соларни панели за добивање на струја. Рускиот вселенски проект "Луна 25" нема да почне пред 2021-ва година.

 

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун наводно ликвидирал еден од своите генерали обвинет за планирање на државен удар, така што го фрлил во базен со пирани во неговата резиденција Рјонгсонг.

Не е познато дали генералот починал од давење или од повредите кои му ги нанеле пираните, но британски “The Daily Mail” смета дека севернокорејскиот лидер веројатно инспирација добил од еден од филмовите на Џејмс Бонд – “You Only Live Twice”, во кој со истата метода на убиство се користи главниот негативец Блофелд.

„Тој сака сите, вклучувајќи ги и неговите најблиски соработници да знаат дека ризикуваат брутална смрт доколку планираат да извршат предавство. Па тој ги погуби членовите на сопственото семејство затоа што не ракоплескале доволно гласно за време на еден од неговите говори“, открил неименуван извор за британскиот медиум.

 

Да потсетиме, неодамна Ким Јонг Ун на аеродромот „Мирим“ во Пјонгјанг го погуби Ким Хјок Чол, нуклеарен експерт и преговарач испратен во САД, заедно со уште четири лица. Тие биле погубени поради пропаднатата средба помеѓу Ким Јонг Ун и Доналд Трамп.

Преведувачката на Ким, Шин Хје Јонг која била со него во Ханој за време на средбата со Трамп, завршила во логор за политички затвореници поради тоа што направила „круцијална грешка за време на преведувањето“.

 

Севернокорејскиот лидер наводно бил незадоволен и од неговата сестра, Ким Јо Јонг која во Ханој со него допатувала како негова лична асистентка. Таа веќе не врши никакви значајни државни должности, а засега не е познато дали ѝ е загрозен животот.

Јужнокорејските медиуми пренесуваат дека досега севернокорејскиот лидер ликвидирал најмалку 16 блиски соработници.

Државниот секретар во Министерството за информатичко општество и администрација Јахи Јахија е уапсен по налог на надлежен јавен обвинител од Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, потврдија од Обвинитеслтвото за „Макфакс“.

Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал при МВР по наредба на јавен обвинител од Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во координација со италијанското обвинителство од Милано, а со поддршка на „Европравда“, спроведе координирана полициска операција за обезбедување докази за примање поткуп од двајца државни службеници при избор на правно лице за спроведување на проект финансиран од страна на ИПА-фондовите, информира обвинителството за уапсениот Јахи Јахија од Куманово.

Спроведени биле симултани претреси во Северна Македонија и во Италија, и тоа пет претреси во Скопје и Куманово од кои во две правни лица и едно министерство, како и во осум правни лица во Р Италија. Притоа, Министерството за внатрешни работи привремено одзеде повеќе од десет компјутери (десктоп и лап-топ компјутери), уесбе и микро СД-мемориски картички, мобилни телефони, таблети, два пиштола, парични средства и обемна службена документација, а еден осомничен е уапсен.

За осомничените, македонски државјани, постои основано сомнение дека во повеќе наврати сториле кривично дело примање поткуп.

Криминалистичката истрага активно се спроведувала во изминатите два месеци во соработка на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и Министерството за внатрешни работи со меѓународните организации ОЛАФ и „Европравда“, како и повеќе различни држави Италија, Холандија, Романија и други европски земји.

Извршени биле проверки и потврдување на сомненијата за корупција при доделување на ИПА-фондови во износ од 1.2 милиони евра, во период 2014-2016 година, каде инволвирани биле двајца македонски државјани, а дејствијата биле извршени во Италија, Холандија, Обединето Кралство, Романија и во други европски земји. Во истрагата во „Европравда“ во Хаг бил одржан и координативен работен состанок заради размена на првични информации и донесување заклучоци за спроведување заеднички координирани активности за обезбедување докази во Италија и Северна Македонија.

Осомничените како службени лица, во периодот од јуни 2014 година до август 2015 година, од италијанско правно лице преку посредници – италијански државјанин советник во правното лице и англиски државјанин – деловен партнер на англиско правно лице со подружница во Скопје, примилe подарок – патување во странство во три наврати, со вкупна вредност од 7.000 евра за да извршат службено дејствие што не смееле да го извршат.

Тие како службени лица, пред официјалното објавување на условите за работење на правното лице – апликант на тендерот, му овозможиле детален пристап до доверливи тендерски информации. Со ваквата постапка осомничените иако знаеле дека споделувањето информации со апликанти или потенцијални апликанти во тендерски постапки е противзаконито, го прекршиле законот и принципите за доверливост и еднаков третман и на правното лице му овозможиле повластена положба и предност во однос на другите апликанти. Како резултат на тоа, правното лице било избрано да го спроведува ИПА-проектот и бил склучен договор во вредност од 1.096.900 евра.

Во текот на 2016 година, во периодот кога во Министерството за информатичко општество и администрација веќе отпочнало спроведувањето на ИПА-проектот, како награда за своето противзаконито службено дејствие првоосомниченото лице, преку италијанскиот посредник од правното лице, во два наврати примило во готовина парични средства во вкупен износ од 37.930 евра, односно 2.332.695 денари, со што се стекнало со значителна противправна имотна корист. Второосомниченото лице примило подарок во вкупен износ износ од 2.500 евра, односно 153.750 денари и се стекнало со поголема противправна имотна корист.

Ценејќи дека се исполнети условите, надлежен јавен обвинител до судија на претходна постапка при Кривичниот суд – Скопје достави предлог за определување мерка притвор против првоосомничениот кој во 2005 година бил гонет за кривично дело злоупотреба на избирачкото право по член 161 и во истиот предмет осуден со парична казна за повреда на избирачкото право од член 159 од Кривичниот законик. Второосомниченото лице во моментот не се наоѓа на територијата на државата.

На својот ФБ профил Маја Трпковска, мајката на убиениот Пинета Секондо се осмели и го објави името на осомничениот за убиството, Али Фуркан, кој е во бегство.

Обвинителството против Али Фуркан и Ангела Ѓоргиевска полицијата поднесе кривични пријави, а  покрената е  истрага само против Фуркан. Тој е сеуште во бегство, но одреден му е притвор во отсуство. На 31.05.2019 година Единица за насилен криминал при СВР Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривична пријава против Ф. А. (27) и А. Ѓ. (22), двајцата од Скопје, за сторено кривично дело “убиство“ предвидено и казниво по член 123 од КЗ на РСM. 

Пред неколку минути мајката на Пино, Маја Трпковска напиша трогателен статус.

„Ми го убива детето, има докази а никој не e во ЗАТВОР!!! ОРОСПИАТА АНГЕЛА ЃЕОРЃИЕВСКА Е ДОМА!!! Лугееее нормални сте или не нормални!!! Алооо ДРЖАВА МАКЕДОНИА !!! АЛОО!!!! ОРОСПИАТА АНГЕЛА ЃЕОРЃИЕВСКА Е ДОМА!!! КОСКИТЕ ОД МОЕТО ДЕТЕ СЕ ВО КУТИА!!!!! ДРЖАВООО КАДЕ СИ!!!!

Според профилот на Фејсбук на Фуркан, тој работел како менаџер во австриска фирма за спортска облека „Сатекс“ и дека е роден во Богота, Колумбија.

Ангела Ѓорѓиевска според првичните информации од обвинителството е замешана во мамката во која влегол Пино.

Таа е ќерка на возач, дете на разделени родители и проблематична девојка заглавена во многу незгодни друштва и пороци. На нејзиниот профил до скоро имаше поставено и главна слика на која има девојка и момче со пиштол и крв. Девојката била на полиграф но го поминала.

Имено, се работи за убиство на Пинета Секондо, кој на 11.12.2018 година од страна на неговата мајка, бил пријавен за исчезнат во ПС при СВР Скопје.

На 29.04.2019 година во Единицата за известување и команда при СВР Скопје од страна на граѓанин пријавено е дека на место викано Башинец во атарот на с.Љуботен пронајден е човечки скелет покриен со камења.

 

Поради мистериозното убиство на германскиот политичар Валтер Либке, кој бил пронајден мртов пред седум дена во дворот на својот дом, приведен бил еден маж.

Германските медиуми јавуваат дека станува збор за помлад маж, кој рекол дека бил во приватна врска со Либке. 

Полицијата верува дека Либке, шефот на регионалниот совет во Касел, од редовите на владејачката CDU, бил убиен со еден куршум директно во глава.

Како што пишува "Frankfurter Allgemeine Zeitung", инспекторите се уверени дека го идентификувале осомничениот откако ги прегледале сите податоци и документи на Либке, вклучувајќи го и неговиот мобилен телефон.

Полицијата отфрлила самоубиство и се верува дека станува збор за политички мотивирано убиство поради смртните закани кои му биле пратени откако и се спротивставил на крајната десница.

Телото на Либке е пронајдено на 2-ри јуни по полноќ во дворот на неговата куќа во селото Истха. Зад себе оставил жена и две деца.

Борис Џонсон, кој е фаворит за местото британски премиер, предупредил дека доколку дојде на таа функција, ќе одбие Велика Британија да му плати на Брисел сметка за Брегзит, се додека ЕУ не прифати подобри услови за нејзино повлекување од членството.

"Нашите пријатели и партнери треба да сфатат дека парите ќе бидат задржани додека не добиеме јасни ставови за патот кој го одиме", изјавил Џонсон, поддржувач на Брегзит во интервјуто за весникот "Sunday Times" и додал дека парите се одлично средство за "подмачкување". 

Тоа е прва изјава на Џонсон од официјалната оставка на премиерката Тереза Меј, поднесена во петокот на 7-ми јуни.

Договорот меѓу Лондон и Брисел за Брегзит, кој британскиот парламент го отфрлил неколку пати, предвидува регулирање на финансиските обврски на Велика Британија по основа на повеќегодишниот буџет за ЕУ за периодот 2014-2020 година.

 

Во текстот од договорот не се наведува износот, туку методот на пресметката. Британската влада претходно споменувала дека тоа е од 40 до 45 милијарди евра, што ЕУ не го потврдила.

Тереза Меј, која поднела оставка поради неуспехот да ги увери пратениците да го прифатат договорот за Брегзит, ќе остане на должноста премиер до изборот на нов лидер на владејачката конзервативна партија кон крајот на јули, кој, според британскиот систем, ќе стане и шеф на владата.

Водечки кандидат за тоа е 54-годишниот Џонсон, кого според кретенките од името го нарекуваат и "Боџо".

Тој бил еден од главните архитекти на победата на Брегзит на референдумот во јуни 2016-та година. Тој сака Велика Британија да ја напушти ЕУ на 31-ви октомври, без разлика дали ќе се преговара повторно.

Популарен меѓу членовите на својата партија, пратеник и поранешен контроверзен новинар, градоначалник на Лондон и министер за надворешни работи, меѓутоа, предизвикува спротивни реакции кај пратениците.

Британскиот суд на 7-ми јуни ја отфрлил тужбата против Џонсон поради лагите за време на кампањата пред референдумот за Брегзит. Бил обвинет дека свесно лажел кога како градоначалник на Лондон тврдел дека Велика Британија плаќа 350 милиони фунти неделно на Брисел.

Неколку навивачи на Полска се приведени вчеравечер во центарот на Скопје, откако меѓусебно се степаа во едно кафуле. Македонската полиција екпресно реагираше и за кусо време го реши инцидентот.

Полските навивачи се наоѓаат во македонската метропола во очекување на вечерашниот квалификациски дуел за ЕВРО 2020 на нивната со македонската фудбалска репрезентација.

Првите 10 европски земји по бројот на странски директни инвестиции се Велика Британија, Франција, Германија, Шпанија, Белгија, Полска, Турција, Холандија, Русија и Ирска, покажува студијата на компанијата Ernst & Young која е објавена во средата.

Оваа компанија спровела анкета за атрактивноста на Европа во која учествувале повеќе од 500 меѓународни компании, а 56 проценти од испитаниците ја навеле Западна Европа како еден од трите најдобри региони за инвестиции.

Во Велика Британија се спровеле 1.054 инвестициски проекти во 2018 година, во Франција 1027, во Германија 973, 314 во Шпанија, Белгија 278, Полска 272, Турција 261, во Холандија 229, во Русија 211 и во Ирска 205.

Централна и Источна Европа е втор најатрактивен регион за странски директни инвестиции во светот, веднаш по Западна Европа, се наведува во студијата.

Успехот на земјите од Централна Европа и Источна Европа не е занемарлив, бидејќи овој регион пред само пет години беше на четвртото место по атрактивност за инвеститорите, се наведува во анкетата.

Странските директни инвестиции во Европа се намалиле во 2018 година за прв пат во последните шест години, и тоа за четири проценти, а биле спроведени 6.356 инвестициски проекти. Европскиот БДП го забавил растот на само 1,8 проценти минатата година, а на инвестициите влијаеле и странски фактори, како што е слаб раст на американски инвестиции во Европа, забавување на економскиот раст на Кина и Јапонија.

Анкетираните компании проценуваат дека атрактивноста на Европа за странските директни инвестиции најмногу го загрозува Брегзит, додека на второ место е политичката нестабилност во ЕУ, на трето е пораст на популизмот и протекционизмот и на четврто глобалната политичка неизвесност.

Кинескиот гигант Huawei продолжува со развојот на 5G мрежата во светот, а на големо незадоволство на Американците, нов клиент на оваа компанија е Русија.

Huawei потпиша договор со рускиот телекомуникациски гигант “MTS” за развој на 5G технологијата во Русија. Кинеската компанија би требала од следната година на просторот на Руската Федерација да ја развие 5G мрежата.

Договорот е постигнат на самиот почеток од тридневната посета на кинескиот претседател Си Џинпинг на Москва, во екот на големата блокада на кинеската компанија од страна на западните земји предводени од САД, кои што тврдат дека Huawei со своите технологии шпионира за кинеските власти.

 

Овој договор секако ќе биде големо олеснување за Huawei, компанија која во последните неколку месеци беше под интензивен меѓународен надзор и на удар на санкции.

Huawei стана главниот актер во американско-кинеската борба за власт која започна во трговијата и сега се одвива во технолошкиот сектор. САД ги охрабрија своите сојузници да го блокираат најголемиот светски производител на телекомуникациска опрема во развојот на 5G мрежата, тврдејќи дека кинеската влада би можела да ги користи своите производи за шпионажа.

Иако од Huawei во повеќе наврати ги демантираа тие обвинувања, тврдејќи дека компанијата нема никаква врска со кинеската влада, некои земји како Австралија и Нов Зеланд, веќе ја блокираа набавката на опремата на Huawei за нивната 5G мрежа.

 

Напорите на Вашингтон да ја блокираат кинеската компанија ескалираа минатиот месец кога администрацијата на Трамп ја стави компанијата на „црната листа“ која им забранува на американските компании да тргуваат со Huawei. Поради тоа, од Google соопштија дека ја прекинуваат соработката со Huawei што дефинитивно е тежок удар за кинеската компанија која доколку нешто не се промени, ќе остане без оперативниот систем „Андроид“.

САД и Кина во изминатата година водат жестока трговска војна со меѓусебно воведување на царини на стока вредна милијарди долари.

Top