Алкалоид АД Скопје повторно со одлични резултати и во 2020 година

Алкалоид АД Скопје за периодот јануари-септември 2020 година оствари единечна нето-добивка на износ од 846.141 илјади денари и во споредба со остварената во 2019 година бележи зголемување за 11%.

Остварената консолидирана нето-добивка во 2020 година изнесува 847.483 илјади денари и во споредба со остварената во 2019 година бележи зголемување за 15%.

Вкупни приходи

Остварените единечни вкупни приходи во периодот јануари-септември 2020 година изнесуваат 7.187.131илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2019 година бележат пораст од 11%. Во структурата на вкупните приходи најголемо учество, 96%, имаат приходите остварени со продажба на производи и на услуги, кои во споредба со остварените во 2019 година бележат пораст од 9%.

Остварените консолидирани вкупни приходи во периодот јануари-септември 2020 година изнесуваат 9.226.036 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2019 година бележат пораст од 10%. Во структурата на вкупните приходи, најголемо учество, 97%, имаат приходите остварени со продажба на производи и на услуги, кои во споредба со остварените во 2019 година бележат пораст од 8%.

Вкупни расходи

Остварените единечни вкупни расходи во периодот јануари-септември 2020 година изнесуваат 6.245.330 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2019 година бележат пораст од 11%.

Остварените консолидирани вкупни расходи во периодот јануари-септември 2020 година изнесуваат 8.235.882 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2019 година бележат пораст од 9%.

Инвестиции

Вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари-септември 2020 година изнесуваат 1.178.727 илјади денари и се поголеми за 96% во однос на истиот период од 2019 година.

Во периодот јануари-септември 2020 година во „Алкалоид“ се реализирани 175 нови вработувања во Р.С.Македонија. На крајот на септември 2020 година во „Алкалоид“ во земјата работат 1.822 вработени, додека во друштвата и во претставништвата во странство има вкупно 536 вработени или вкупно 2.358 вработени во групацијата. Со одлука на Управниот одбор на АЛКАЛОИД АД Скопје, во март 2020 година беше одобрен и исплатен регрес за користење годишен одмор на вработените во компанијата, во висина од 29.687 денари бруто, односно 26.718 денари нето.

Неревидиран неконсолидиран Биланс на успех Јануари – Септември 2020

Неревидиран консолидиран Биланс на успех Јануари – Септември 2020

Top