ВМРО се обврзува: Tри големи компании доаѓаат уште првите 100 дена влада

ВМРО-ДПМНЕ се обврзува да ја обнови Македонија, велат од партијата, додавајќи дека потребна ни е економска обнова.

- Таа ќе дојде со 4 милијарди евра странски инвестиции, од кои 3 големи компании ќе дојдат уште во првите 100 дена. Со тоа ќе придонесеме кон намалување на невработеноста под 10%, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Додаваат дека ќе го помогнат и домашниот бизнис со предвидени 8% даночна стапка, за персонален данок на доход и данок на добивка. Се обврзуваат и за намалување на ДДВ за угостителски услуги од 18% и 10%.

- Инфраструктурата целосно ќе ја реобновиме и ќе реконструираме 1.000 километри патишта. На тоа поле планираме и 150 километри експресни патишта.

Се обврзуваме да ја изградиме и пругата кон Бугарија.
ВМРО-ДПМНЕ се обврзува за обнова на Македонија.
По 15 јули почнува обновата. СДСМ покажа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова!, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Top