Има и такви кои заработуваат 1 милијарда долари месечно поради коронавирусот

Ли Кситинг веќе беше најбогатиот човек во Сингапур. Сега вредноста на неговата компанија за медицински уреди расте поради глобалната побарувачка за респиратори.

Најимотниот човек во Сингапур оваа година стана побогат за околу 1 милијарда долари месечно, бидејќи цената на акциите на неговата компанија за медицински уреди се зголемила за 50 отсто сред пандемијата коронавирус.

Богатството на Ли Кситинг, коосновач и претприемач на „Bio-Medical Electronics Shenzhen Mindrai“, оваа година се зголемило од 4.3 милијарди долари на 13.5 милијарди долари, според податоците на Блумберг, или во просек 37.7 милиони долари заработка на секои 24 часа.

Поради тоа Ли, кој што е роден во кинеската провинција Анхуи, е најбогатиот човек во Сингапур.

 

Акциите на неговата компанија пораснале откако настана пандемијата коронавирус, која што за првпат се појави во централната кинеска провинција Хубеј, а потоа се прошири низ целиот свет и која зарази над 2 милиони луѓе.

„Нарачките за нашите производи во месец март нагло пораснаа“ – изјавилe oд компанијата, па додале:

„Добивме нарачки од околу 100 земји за нашите медицински уреди кои што се користат во борбата против пандемијата“.

Компанијата, чии производи вклучуваат уреди за снимање и надзор на пациентите, соопштила дека добила нарачка за околу 10.000 респиратори само за во Италија.

Од компанијата одбиле да ја објават цената на еден таков уред.

primer 8

Top