Нема место за пари во германските банки: Имаат толку многу готовина, па на граѓаните им даваат бизарен совет

Негативните каматни стапки ги присилуваат позајмувачите да ги задржуваат парите во готовина.

Германските банки чуваат толку многу готовина, па во трезорите веќе им снемува место, пренесува „Блумберг“.

Во декември минатата година, германските банки имале готовина од вртоглави 43,4 милијарди евра, покражуваат податоците на Бундесбанка. Негативните каматни стапки со тоа ги присилуваат позајмувачите да ги задржуваат парите во готовина.

„Овие денови подобро е да ги чувате средствата во готовина, отколку да ги паркирате кај Европската централна банка“, изјави Андреас Шулц кој води штедилница во близина на германскиот главен град Берлин.

Top