Падна и последната препрека: Данска го одобри Северен тек 2. Еве низ кои земји ќе минува гасоводот

Данската агенција за енергетика и издала дозвола на компанијата "Северен Тек 2 АГ" за изградба на дел од гасоводот "Северен тек 2" низ нејзините територијални води, југоисточно од островот Борхолм во Балтичкото море.

Со ова е отстранета и последната голема препрека за проектот на рускиот гасовод, кој ја поделил Европската унија поради противењето на САД и неколку источноевропски земји кои тврдат дека тој гасовод ќе ја зголеми зависноста на Европа од руски гас. 

"На основа на консултациите и непосредниот дијалог со релевантните дански власти, Данската агенција за енергетика проценила дека, од аспект на животната средина и прашањето за безбедноста, најповолна е рутата на југоистокот за која е дадена дозвола", се наведува во соопштението на Данската агенција за енергетика.

Данска сега има обврска да дозволи изградба на транзитни водови и ако е потребно, да одреди траса низ која цевката би требало да минува.

На почетокот на овој месец "Gazprom" соопштил дека 83 проценти од гасоводот "Северен тек 2" чија должина е 1.269 километри во Балтичкото море се завршени, додавајќи дека очекува гасоводот да биде завршен до крајот на оваа година.

Проектот "Северен тек 2" предвидува изградба на две линии на гасовод низ кои ќе се испорачуваат околу 55 милијарди кубни метри руски гас директно во Германија и другите европски земји. Гасоводот за транспорт на рускиот природен гас во Европа, според проектот, треба да минува низ територијата на Данска, Финска, Германија, Русија и Шведска.

 
 

 

Top