Откриено е која е најсиромашна земја во Европа: Куповната моќ таму е 1800 евра по глава на жител

Аналитичката компанија ГФК составила рејтинг од европските земји според куповната моќ на населението. На листата од 47 земји, Украина се нашла на последно место.

Според податоците на аналитичката компанија, првото место го зазел Лихтенштајн со куповна моќ по глава на жител од 67.550 евра, што е за 4,5 пати повеќе од просекот во Европа (14.739 евра).

На второ и трето место се нашле Швајцарија (40.000 евра) и Луксембург (35.000 евра).

 

Авторите на истражувањето не ја пресметале куповната моќ на жителите во Русија.

„16-те земји кои се опфатени во истражувањето, имаат куповна моќ по глава на жител над просекот, додека 26 земји се под просекот за европски земји“, се наведува во соопштението.

На последните три места се Молдавија, Косово и Украина. Според податоците на компанијата, куповната моќ на Украина изнесува 1.830 евра годишно по глава на жител.

Од компанијата објасниле дека под куповна моќ се подразбира приход пресметан со данок и добротворни придонеси.

Во таа сума се сметаат сите парични средства кои се добиваат од државата, а кои жителите ги трошат на храна, домување, забава, услуги, куповина и одмор. 

Top